Градската депонија во Кочани повторно загадува, неколку денови чадот се шири низ градот и кочанско поле. На терен се излезени екипи, а директорот на ЈП „Водовод-Кочани, Иван Иванов вели дека и овој пат станува збор за подметнат пожар.
Депониите во Кочани и Виница се третираат со алги, со цел да не дојде до нивно самозапалување, но и во овој случај виновникот е пироман. Кочанското комунално претпријатие Водовод неколку пати досега има поднесено кривични пријави против непознат сторител. Засега никој не е откриен. Граѓанските активисти деновиве постојано на социјалните мрежи споделуваат фотографии и снимки како депонијата гори, а чадот се шири низ кочанско. Најавија дека во среда во 10 часот пред зградата на комуналното претпријатие ќе протестираат против загадувањето на воздухот од депонијата.
Викторија Јованова











