Напаѓач со нож нападнал и ранил неколку луѓе на плоштадот во југозападниот германски град Манхајм, соопшти полицијата. Полицијата пукала во напаѓачот, кој исто така бил повреден.
Полицијата соопшти дека инцидентот се случил нешто по 11.30 часот, велат дека не можат веднаш да дадат информации за сериозноста на повредите, ниту да прецизираат колку лица се повредени. Меѓу ранетите има и полицаец.
Тие во соопштението велат дека веќе нема никаква опасност за јавноста. Засега нема информации за мотивот за нападот.
Според германските медиуми, во нападот бил повреден десничарскиот активист и антиисламски критичар Михаел Штурценбергер.
„Билд“ пишува дека Штруценбергер бил прободен со нож во пределот на вратот.
Инцидентот се случил на плоштадот Марктплац, во централното градско подрачје на Манхајм.
Градот со околу 300.000 жители се наоѓа јужно од Франкфурт.











