Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Нема да дозволиме политичко влијание врз постапките на обвинителите, Советот на јавни обвинители по барањата оставки од Абази и Коларевиќ

/

пред 139 дена

Сподели преку :

Советот на јавни обвинители работи врз основа на факти и докази, а не врз основа на политички тврдења и нема да дозволи политичко влијание врз постапките водени од јавните обвинители, наведува Советот во своите одговори откако обвинителката Катерина Коларевиќ и раководителот на ОЈОГОКК, Ислам Абази се под интевнзивна канонада напади од претсавници на власта, а пратеници од ВМРО-ДПМНЕ бараат и нивни оставки. Гневот го навлекоа поради запирањето на истрагата за мазутот кој според МВР предизвикал штета од над 167 милиони евра.

Советот наведува дека обвинителите се самостојни и како институција не може да коментира, ниту да прејудицира одлуки донесени во рамки на законски утврдени постапки од страна на надлежно јавно обвинителство

„Доколку постојат сомнежи за незаконито, нестручно или несовесно постапување на јавен обвинител, Законот предвидува посебни механизми и постапки за утврдување одговорност, кои се водат врз основа на конкретни факти и докази, а не врз основа на политички изјави или јавен притисок. Советот останува доследен на принципите на владеење на правото, поделба на власта и самостојноста на јавнообвинителската функција, без да дозволи какво било политичко влијание врз постапувањето на јавните обвинители“, велат од Советот на јавни обвинители.

Од Советот досега нема одговори каков став имаат за телефонскиот разговор меѓу премиерот Мицкоски и државниот обвинител Ненад Савески по запирање на истрагата. Минатата недела Обвинителството ја запре истрагата за злоупотреби со набавките и испораката на мазутот за ТЕЦ Неготино, а со истрагата беа опфатени Ратко Капушевски и неговата фирма РКМ, Асмир Јахоски – сопственик на „Пуцко петрол“ и син на пратеникот на ДУИ, Исмаил Јахоски, поранешните директори во ЕСМ, избеганиот Васко Ковачевски и Адриан Муча, Ерџан Сулкоски и уште осум други осомничени. Како оштетено правно лице, ЕСМ веќе го изготвува приговорот на одлуката бидејќи смета дека има и штета врз буџетот и неправилности во постапката. Обвинителството пак го затвори случајот со тврдење дека не се обезбедени докази за делата од пријавата на МВР.

Миомир Серафиновиќ