Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Нема да има мрак по улиците – од Град Скопје тврдат дека нема да се штеди на јавното осветлување

/

пред 1504 дена

Сподели преку :

Град Скопје нeма да штеди на јавното осветлување по улиците и булеварите под надлежност на градот, изјави денеска на прес-конференција градоначалничката Данела Арсовска.

Причина за тоа е безбедноста и сигурноста на граѓаните.

„Ќе направиме сè што е возможно за да се намалат трошоците за електрична енергија, меѓутоа не на грбот на граѓаните и така што ќе биде загрозена безбедноста и сигурноста на градските булевари и улици“ изјави данела Арсовска.

Мерките и препораките, посочи Арсовска, ќе бидат доставени до јавните претпријатија и институции до крајот на денот, по што ќе бидат и објавени.

„Започнавме со процес на намалување на интензитетот на лед светлата на уличното осветлување и тоа до максимум 70 проценти од моќноста, а во насока на штедење на електрична енергија. Ќе се приспособат системите за осветлување на одредени временски интервали, согласно соодветната потреба во текот на деноноќието, а се пристапува и кон етапна замена и користење на лед светилки, кои трошат за 85 проценти помалку електрична енергија од обичните светилки“ изјави Арсовска.

Дадени се насоки, рече Арсовска, за ограничување на сè што се смета за осветлување кое не е од животно значење, како што е осветлувањето врз јавните згради и рекламите.

„Издадовме насоки за рационално користење на уредите во објектите, при јавните претпријатија и правиме значително кратење на непродуктивните трошоци, појасни Арсовска.“

Секоја општина, нагласи Арсовска, си креира сопствени мерки за штедење, затоа што имаат автономија во своето одлучување, додека Градот Скопје, како што посочи, донел само краткорочни и долгорочни мерки кои што треба да придонесат за штедење на електрична енергија и преминување кон транзициони и обновливи извори на енергија.