Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Нема јунак за директор на ЕСМ, експертите бегаат како ѓавол од темјан

/

пред 781 дена

Сподели преку :

Се уште се  бара кој ќе биде на врвот на државната ЕСМ, една од наголемите државни компании која извесен период е во тешка финансиска состојба.  Надзорниот одбор е формиран, но никако да се комплетира нов Управен одбор.

Според, информации на Телма понуда за нов генерален директор добиле повеќе лица. Се зборува дека во игра биле професори, но и поранешни функционери. Сепак, според информациите никој  не се согласил.

ЕСМ веќе подолг период се бори да ја поправи својата ликвидност. Па, од тука се поставува прашањето дали може би состојбата во која се наоѓа е причината поради која тешко може да се најде некој кој ќе ја води компанијата.

Најверојатно утре ќе заседава Надзорниот одбор и ќе се назначи нов Управен.

Во моментов таму генерален директор е Васко Стефанов, а негов претходник беше  Васко Ковачевски.

Од неговата биографија може да се види дека тој е дипломиран инженер по индустриска логистика. Бил раководител во Дом на култура во Неготино, во спортско рекреативен центар Младост, во Водостопанство бил извршен директор, генерален во Пошта која исто така не е во добра состојба,  па од таму доаѓа на врвот на електрани. Стефанов не е многу присутен во јавноста.

ЕСМ некогаш важеше за една од најпосакуваните места за работа, а генерален директор беше една од најпосакуваните менаџерски позиции.

Сега , според некои неофицијални бројки на ЕСМ му требаат околу 200 милиони евра за да може да се врати во добра кондиција. Често пати е на врвот на листата на должници на финансии. Клучен проблем е тоа што производната цена  е далеку повисока од онаа по која ја продава струјата. Централите со кои располага се стари со децении и често се надвор од функција. Потребите тогаш не може да се покријат, па се прават набавки за кои се трошат милиони.

Во време на кризата ЕСМ го презеде и парното греење. Формираше три фирми на кои тешко им оди. Сите се меѓу должниците. Со крајот на енергетската криза се стави и крај на дотурот на пари од буџетот во ЕСМ кој се правеше со месеци. Па така претходната Влада одлучи со препораки до менаџментот да ја решава кризата во компанијата. Оваа Влада пак со ребалансот ќе покрие долгови кои доспеваат. Други пари не им следуваат и ќе мора да продолжат сами да се борат.

Останува да се види кој ќе биде на врвот на ЕСМ и  дали и како ќе се справува со лошата состојба во која е втурната компанијата.

Ирена Чачкова