Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Нема напредок за кревање на бугарското вето по средбата Ковачевски – Петков во Рим

/

пред 1595 дена

Сподели преку :

Од Рим ништо ново. Нема напредок по средбата на премиерите на Македонија и Бугарија, кои ја искористија посетата на Ватикан за да поразговараат и за отворениот проблем меѓу двете земји. Нама нови услови, но ниту конкретен договор.

Ковачевски вели и дека не треба да се врзуваме за датуми, па ниту за Самитот на ЕУ во јуни.

И Петков за бугарските медиуми изјавил дека не се обврзуваат на рокови. Важно е, вели, да има дијалог, а единственото на што се обврзале е да држат добар тон во разговорите. Двајцата премиери денеска имаа аудиенција кај папата Франциск. Ковачевски беше придружуван од ќерка му, министрите и црковна делегација. Потоа ја посетија базиликата Санта Марија Маџоре, во која се осветени книгите на браќата Кирил и Методиј. Работните средби продолжуваат утре, со средбата со италијанскиот премиер.

Од Рим известува Далиборка Демјанска Цветановска