Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Нема траги на насилство на телата на мајката и четиригодишната ќерка кои беа пронајдени мртви во Слатино

/

пред 739 дена

Сподели преку :

36-годишна жена и нејзината керќа се пронајдени мртви во тетовското село Слатино, соопшти СВР Тетово, а нејзиниот сопруг по укажаната лекарска помош во тетовската клиничка болница беше задржан во полиција.

Телма неофицијално дознава дека станува збор за семејство кое живеело во супстандардни услови, а сопругот и сопругата се лица со посебни потреби. Девојчето било на возраст од четири години.

„Денес околу 14.00 часот во СВР Тетово Т.Ј. од Теарце во својство на доктор, пријавил дека во село Слатино бил повикан за интервенција од М.З. од тетовско Слатино која ги нашла нејзината ќерка К.Ш.(36) и нејзината малолетна внука во нивната семејна куќа без знаци на живот, каде што од негова страна била констатирана смрт“, соопшти СВР Тетово.

Дознаваме дека бабата кога дошла во нивната куќа 50-годишниот Р.Ш., сопруг на починатата, не бил дома, а телата на мајката и ќерката се без траги на насилство и биле легнати во различни кревети.

Обдукцијата треба да покаже која е причината за смртта, дали можеби се работи за насилна смрт, или можеби како што се шпекулира во тетовската јавност како причина за смртта е труење.

Полицијата веднаш го обезбедила место каде што екипа при СВР Тетово во содејство со Јавен обвинител извршиле увид, а по наредба на обвинителот телото на починатите биле предадени за обдукција.

„Нејзиниот сопруг 50 -годишниот Р.Ш. заедно со неговиот малолетен син, се префрлени во Клиничка болница Тетово за укажување на лекарска помош, а потоа лицето Р.Ш. беше однесено во полициска станица за понатамошна постапка“, соопштуваат од СВР Тетово.

Повеќе детали во Вестите на Телма во 21.30 часот од јавувањето на Данијела Билбилоска. 

Сопругот на жената од Слатино, која заедно со ќерката беше пронајдена мртва во нивниот дом, однесен е во тетовската полиција

Сопругот на жената од Слатино, која заедно со ќерката беше пронајдена мртва во нивниот дом, однесен е во тетовската полиција