Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Немирите во воените бази ја одложија расправата на ИДФ за одмазда против Хезболах

/

пред 814 дена

Сподели преку :

Израелската армија соопшти дека немирите на десничарите во воената база Сде Тејман на југ вчера попладне и во базата Беит Лид во централниот дел на земјата директно наштетиле на безбедноста на Израел и ги одложиле дискусиите за одмазда против либанскиот Хезболах.

Одмазда против проирански Хезболах се подготвува за ракетниот напад во саботата во друзскиот град Маџал Шамс на Голан, во кој беа убиени 12 деца.

Офицерите на Израелските одбранбени сили, вклучително и началникот на Генералштабот, ги прекинаа разговорите за да се справат со упадите во базите, објавија израелските медиуми.

Инцидентите започнаа откако воената полиција вчераутро приведе девет резервисти во базата Сде Тејман, под сомнение дека неколку недели во затворот на базата малтретирале притворен Палестинец од Газа.

Набргу потоа, околу 1.2000 десничарски активисти, заедно со неколку пратеници ултранационалисти, се собраа околу базата Сде Тејман за да протестираат против истрагата против резервистите, а многумина насилно влегоа во базата.

Некои воени единици од Западниот Брег и оние чии членови беа на одмор беа испратени синоќа во Беит Лид и денеска таму ќе бидат неколку баталјони.