Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Непочитување на реонизацијата е главен проблем при уписот на првачиња во Штип

/

пред 1599 дена

Сподели преку :

Родителите на првачињата наместо да се радуваат при уписот на нивните деца во училиште, тие се занимаваат со толкување на закони, но и начини како да го избегнат почитувањето на реонизацијата. Во Штип одредни родители почнале и со промена на адресите за живеење, со цел нивните деца да не се запишат во училиштето „Гоце Делчев“, туку од 1 септември да седнат во училишните клупи на друго училиште.

Токму непочитувањето на реонизацијата при упис на првачињата  донесе и неколку тужби за сегрегација пред македонските судови и во Стразбур. Едно од тужените училишта е штипското „Гоце Делчев“, во кое има најмногу барања за трансфер на првачињата во други училишта. Во оваа училиште има чисти ромски паралелки, и по ова постапува и Хелсиншкиот комитет за човекови права.

Дискриминација има, но не по вина на раководството на училиштето. Ова е првото модерно и дигитализирано училиште, единствено со целодневна настава и со квалитетен наставен кадар во Штип. Тужбите кон училиштето, општината, но и кон државните институции се и причината што оваа година штипската локална власт бара доселедно да се почитува реонизацијата за првачињата.

По претставка и Комисијата за заштита од дискриминација во февруари годинава донесе и општа препорака реонизацијата во сите општини строго да се почитува,  директорите да не ги потпишуваат барањата на родителите, а МОН да ги зајакне критериумите за префлање од едно во друго училиште.

Викторија Димитрова Јованова