Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Неправилното менаџирање со здравствените установи е најголема слабост во јавното здравство

/

пред 677 дена

Сподели преку :

Една од најголемите слабости на јавното здравство е  правилното менаџирање со здравствените установи,  а резултатите изостануваат затоа што  директорите се занимаваат со вработувања,  набавки и тендери,  велат експертите по  менаџмент.

  • „Основно е да се сфати дека менаџментот е пред се одговорност и отчетност, а не права на вработување и распишување на тендери. Тоа  е клучниот проблем во нашето општество во здравствениот менаџмент. Има неколку директори што одговарале, но за криминал,  а не за остварени резултати. Треба да почне да се одговара за неостварени резултати“,  вели проф. д-р Цветко Смилевски, универзитетски професор по менаџмент.

Приватното здравство има успех затоа што е  ориентирано кон постигнување на  зацртаните цели, затоа што во спротивно ќе останат без пациенти.  Тоа  е она што недостига во јавните здравствени установи

  • „Ние приватниците знаеме со малку ресурси да постигнуваме цели и успеси, а  јавното здравство има повеќе финансии и достапност до ресурси, но резултатите им недостасуваат, вели д-р Ѓорги Јанев, специјалист по медицина на трудот.

Останува дилемата кој подобро ќе менаџира со една здравствена установа, лекар или професионален менаџер.

  • „Ако го изберете лекарот, тој ќе биде насочен кон здравствените услуги, а ко го изберете менаџерот тој ќе биде насочен кон менаџирање на ресурсите и организацијата, без да има некои компетенции од здравствените услуги. Јас би рекла дека оној што треба д аја менаџира здравствената организација треба да биде спој меѓу овие две компоненти. Или да биде доктор кој што ќе ги гради менаџерските вештини или д абиде професионален менаџер кој ќе работи заедно со тимот на доктори“, вели проф. д-р Гордана Тасевска, универзитетски професор по човечки ресурси.

На панел дискусијата што се одржа во Битола, експертите по менаџмент и здравствените работници од приватното и јавното здравствени установи разговараа за најголемите предизвици   во здравството -недостиг на кадар, финансиски ресурси, технолошки напредок, квалитет  на услугите, задоволни пациенти,  здравствена едукација и превенција, интеграција на нови системи за здравствена заштита, дополнително здравствено осигурување.

Емилија Мисирлиевски