Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Нестандардни депонии ја загрозуваат Македонија

/

пред 689 дена

Сподели преку :

Педесет и четири нестандардни депонии низ Македонија, вклучувајќи ја и „Буково“, која го загадува Охрид и околните села, претставуваат сериозна закана за здравјето на граѓаните. Депонијата „Буково“ функционира повеќе од 50 години и требаше да биде затворена до 2025 година, но процесот на санирање не е започнат, пишува Гласот на Америка.

Невладини организации бараат итно затворање на „Буково“ и изградба на регионална депонија за Југозападниот и Пелагонискиот регион, а Министерството за животна средина веќе обезбедило средства за проектот преку заем од Европската банка за обнова и развој. Невладините организации велат дека проблемот со отпадот не е решен и сè уште е во застој, и покрај тоа што препораките на УНЕСКО за затворање на депониите Буково и Струшката дива депонија беа дадени уште во 2020 година.

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков најави дека процесот на изградба на регионална депонија ќе започне наскоро, но дека целосно решавање на проблемот во Буково може да стигне и по четири-пет години.