Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Нетанјаху испраќа високи преговарачи во Катар за постигнување договор за заложниците

/

пред 647 дена

Сподели преку :

Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вечерва соопшти тој одлучил да испрати делегација на високо ниво во Катар за зајакнување на напорите за склучување договор за прекин на огнот и заложниците со терористичката група Хамас.

Во тимот ќе бидат и шефот на Мосад, Давид Барнеа, директорот на Шин Бет, Рон Бар, одговорниот за заложници во ИДФ генерал-мајор Ницан Алон и политичкиот советник на Нетанјаху, Офир Фалк.

Одлуката беше донесена откако Нетанјаху одржа проценка на ситуацијата за тековните разговори за заложниците. На состанокот му се придружија министерот за одбрана Израел Кац, шефовите за безбедност на Израел и претставници од администрацијата на Бајден и администрацијата на Трамп.

Тој денеска претходно во Ерусалим се состана со претстојниот американски пратеник на Трамп за Блискиот Исток Стив Виткоф.