Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Нетанјаху ја распушти воената влада

/

пред 857 дена

Сподели преку :

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја распушти воената влада, која беше формирана по невидениот напад на Хамас врз Израел на 7 октомври минатата година.

Доцна синоќа Нетанјаху го известил   Воениот кабинет,  дека тие официјално се распуштени.

Претседателот на умерената Партија на национално единство, Бени Ганц, еден од тројцата членови на владата, го напушти воениот кабинет минатата недела.

Распуштањето се очекуваше откако екстремно десничарскиот министер за национална безбедност Итамар Бен Гвир побара да биде вклучен во работата на воениот кабинет.

Се очекува Нетанјаху да донесе критични одлуки за војната за време на ад хок состаноци со помал број функционери без Бен Гвир и ќе бара одобрение за одлуките од поширокиот безбедносен кабинет.