Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Нетанјаху: Ќе испратиме преговарачки тим денеска во Каиро за да ги продолжи разговорите за прекин на огнот

/

пред 609 дена

Сподели преку :

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху најави дека денеска ќе испрати делегација преговарачи во Каиро за да го продолжат разговорите за „спроведувањето на првата фаза од договорот“ за прекинот на огнот во Појасот Газа, соопшти синоќа неговиот кабинет.

Нетанјаху и наложи на преговарачката делегација да отпатува во Каиро за да разговара за продолжување на примената на првата фаза од договорот. По состанокот на владата закажан за денеска, тимот ќе добие инструкции за продолжување на преговорите за втората фаза“, се додава во соопштението.

Војната би можела да продолжи на почетокот на март, доколку не се постигне договор за покомплицираната втора фаза од прекинот на огнот, што ќе бара враќање на сите преостанати заложници и неодредено продолжување на примирјето.