Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Нетанјаху најави напади на Бејрут – продолжуваат инцидентите меѓу САД и Иран  

/

пред 124 дена

Сподели преку :

Додека САД и Иран разменуваат напади а обидите за постигнување мировен договор се уште не даваат резултат, ескалира и безбедносната ситуација во Либан, кој е под жесток воен притисок на Израел.

САД потврдија дека дека за време на викендот извршиле напади врз ирански воени цели, додека Техеран соопшти дека одговорил со напад врз американска база во Кувајт. Ова е трет пат во последната недела прекинот на огнот меѓу САД и Иран да биде нарушен.

Според американската војска, тие извршиле, „одбранбени напади“, како одговор на „агресивни ирански дејствија“, меѓу кои се наведува и соборувањето на американски дрон над меѓународни води.

Исламската револуционерна гарда одговорила со напад на американска воздушна база, без да се прецизира локацијата. Во меѓувреме, во Кувајт е активиран алармот за воздушен напад, заради опасноста од непријателски ракетни и беспилотни напади.

Американскиот претседател, Доналд Трамп, во раните утрински часови, во објава на својот профил на социјалната мрежа Truth Social ги повика неговите критичари да седнат и да се опуштат, обидувајќи се да ја увери јавноста дека на крајот се ќе било добро.

Во однос на преговорите, официјален Иран одбива да коментира сѐ додека не биде постигнат договор, додавајќи дека правата на исламската република мора да бидат заштитени.

Ако САД и Иран само разменуваат оган и инцидентите се далеку од обновување на конфликтот, Израел не запира со жестоките напади против Либан.

Премиерот на екстремно десничарската влада на Израел, Бенјамин Нетанјаху,

ѝ наредил на израелската војска да ги бомбардира јужните предградија на Бејрут, што претставува најсериозна ескалација на израелската војна во Либан откако беше објавено наводно примирје на 17 април.

Борбите меѓу Израел и Хезболах не престанаа , а израелските напади од прогласувањето на примирјето досега одзеле повеќе од 800-тини животи во Либан. Хезболах ги таргетираше израелските трупи во јужен Либан, а во последните денови лансираше и ракети кон северен Израел.

Повеќе од еден милион луѓе се раселени поради израелските бомбардирања во јужен Либан и долината Бека, како и поради десетиците наредби за евакуација што израелската војска ги издаде за градови и села низ Либан.

Во неделата, израелската војска го зазеде средновековниот замок Бофорт во јужен Либан, што е најдлабокото навлегување на израелските сили во регионот откако заврши нивната 18-годишна окупација во 2000 година. Во исто време, тие го бомбардираа градот Тир, при што во некои од најсилните воздушни напади досега врз градот, цели згради беа срамнети со земја.

Н.И