Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Нетанјаху не го прифаќа апелот на Блинкен да се откаже на офанзива во Рафа

/

пред 944 дена

Сподели преку :

Израел, доколку е потребно, и без поддршка на САД ќе ја изврши операцијата врз Рафа порача израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху отфрлајќи го апелот на државниот секретар на САД Ентони Блинкен да се откаже од копнен напад врз овој дел од малата енклава, најјужниот град во Појасот Газа каде од борбите се засолнети голем број палестински цивили.

Нетанјаху соопшти дека му пренел на Блинкен дека копнената офанзива е единствениот начин да се уништи Хамас.

Заканите за напад на Рафа фрлаат сенка на тековните напори да се постигне договор за примирје меѓу Израел и Хамас, пишува Асошиејтед прес.

Шефот на американската дипломатија Ентони Блинкен им кажа вчера на новинарите на крајот на својата шеста посета на Блискиот Исток од почетокот на војната дека “има уште многу работа“.

Во Совет за безбедност на ОН вчера и Русија и Кина ставија вето на резолуцијата која ја предложија САД во која се наведува дека е неопходно моментално воспоставување одржливо примирје.

Претставниците на двете земји кажаа дека резолуцијата е двосмислена и дека во неа не се повикува директно на прекин на борбите, што поголемиот дел од светот го бара.