Сулејман Љамалари, обвинет за вербалниот и физички напад врз градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, на почетокот на денешното судење се изјасни за невин. Инцидентот се случи на 11 јули на улицата „Севастополска“ во скопската населба Чаир, кога Аросвска вршеше увид на терен по пријава за дивоградба. Љамалари познат и како командат Барути е поранешен вработен во ЈП „Паркови и зеленило“ и на местото на инцидентот пристигнал со тротинет и најпрвин на Арсовска и се заканувал и навередувал, а потоа ја удрил и по лицето и ногата.
Арсовска пред судот изјави дека кај обвинетиот не гледа каење, ниту грам жал за стореното кон неа, која освен што извршува јавна функција е и жена и мајка. Претходно Љамалари упатил закани кон неа и на социјалните мрежи. Неговата адвокатка Иванка Јакимовска рече дека и Љамалари бил жртва на физички напад и ја пријавил Арсовска за насилство.











