Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Независни граѓански иницијативи се здружуваат во нова платформа за локалните избори

/

пред 456 дена

Сподели преку :

Неколку независни граѓански иницијативи најавија заедничко делување на претстојните локални избори преку новоформирана платформа, која наскоро ќе биде регистрирана како политичка партија. Во платформата досега се приклучени „Шанса за Центар“, „Независни за Карпош“  и „Зелените од Гази Баба“.

Иницијативата има за цел да им понуди на граѓаните вистинска алтернатива, надвор од традиционалните партии. Од таму велат дека ќе настапат обединето и транспарентно, со јасна визија и искуство стекнато на терен.

Граѓаните ќе можат да дадат потпис за поддршка за регистрацијата на новата партија, но се потсетува дека, според законот, потпис може да се даде само за една нова политичка опција. Платформата повикува на поддршка и активно учество во создавање на граѓанска алтернатива.