Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Независните кандидати повторно извисија

/

пред 493 дена

Сподели преку :

Неполн месец откако Уставниот суд ги укина измените на Изборниот законик, со кои се крена прагот за независни кандидатури на изборите, власта и опозицијата повторно здружено ставија потпис на нови, слични измени.

Предлог-законот што вчера беше поднесен по скратена постапка, е потпишан од ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, Вреди и ЗНАМ. Денеска експресно помина и на комисиска расправа, а на граѓанските здруженија кои дојдоа на средба со претседателот на Собранието со подготвени амандмани, им беше кажано дека е доцна да ги поднесат.

Се надеваме дека пратениците добро ќе размислат дали повторно ќе го кршат уставот и ќе го нарушат правото на граѓаните на активно учество во изборите, изјави Јана Белчева од  Шанса за Центар.

Од граѓанските здруженија велат дека со ова дрско погазување на одлуката на Уставниот суд, големите партии повторно ѝ плукаат во лице на уставноста.

Сега предложените прагови за потписи се дури и повисоки од 1% за голем број на општини каде што се наоѓаат најголем број од избирачите, како на пример, Скопје. За ова ќе ја информираат и меѓународната јавност, ќе се сретнат и со ДИК, а ако треба и повторно ќе ја оспорат уставноста на законот.

Со измените на Изборниот законик се предвидуваат од 100 до илјада потписи за кандидатура, во зависност од големината на општината.  Во градот Скопје се потребни најмалку 3.500 потписи од запишаните избирачи во избирачкиот список. Граѓанските организации бараат таа бројка да се движи од 20 до 300 потписи.

Далиборка Демјанска Цветановска