Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Нездрави производи, повисок ДДВ – владата ги правда даночните корекции за дел од асортиманот во маркетите

/

пред 1093 дена

Сподели преку :

Вицепремиерот Битиќи оцени – сладоледот, чипсот се нездрави производи, не се основни и затоа тука треба да има корекција на ДДВ-то на 10 отсто. Во други држави тоа било и повисоко. Тие се дел од списокот за зголемување на данокот. Но, за цвеклото кое се смета за здрава храна смета дека треба да остане со повластена стапка. Листата на продукти каде се прави корекција на данокот е долга, но Битиќи оцени дека погрешно е прочитана и негира дека ќе има скок на ДДВ-то на 1.000 производи.

Телма вчера објави дека Владата ќе ја преиспитува одлуката за зголемување на стапката на ДДВ од 5 на 10 отсто за дел од производите кои според проценките на министерството за финансии беа означени како луксузни. Според извори, корекции ќе има кај преработките од млеко, сирење, урда, кашкавал. И Битиќи рече дека на владина седница уште еднаш ќе се разгледа одлуката и дека и тој смета дека кај од производи треба д аима корекција.

И финансиските аналитичари ја оценија одлуката како конфузна и се надеваат на измени.

Економистите, пак, сметаат дека производите од широка потрошувачка треба да останат со повластена стапка од 5 отсто.

На долгиот список на продукти за кои ќе се плаќа повисоко ДДВ може да се види дека не станува збор само за перки од ајкули, месо од ирвас, производи кои постојано ги споменуваа надлежните дека ќе бидат со повисок данот. Туку се најдоа и џигерот, пишува дека е и брашното, млекото, павлаката, видови сирење, урда, сушен зеленчук, апетисани, чај, компир, зденки, видови на кашкавал, тестенини, просо и уште многу други.

Одлуката беше објавена во службен весник на 28 септември, а стапува на сила од денеска. Во дел од маркетите утринава имаше веќе направено нагорни корекции на дел од цените, во некои пак вработените сè уште се бореа со сумите. Дали ваквата одкука ќе ја вивне инфлацијата, Битиќи одговори таа има тренд на намалување и до крајот на годината ќе падне на 5 отсто.

Ирена Чачкова