Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Незири со часови во полициска станица реферира за М-НАВ

/

пред 1018 дена

Сподели преку :

Беким Незири, кој ги отвори вратите на радарската кула и кој им дозволи на насилниците да влезат во зградата на М-НАВ се уште е во полициска станица. Тој е еден од осуммината кои вчера упаднаа во М-НАВ. Само Незири бил вработен во македонската навигација.

Координаторот на партискиот огранок на ДУИ во Чаир, со својата картичка пропуштил луѓе кои не биле вработени во контролата, а кои физички нападнале дел од вработените.

Откако со часови беше недостапен за полицијата, Незири утрово беше приведен во полициска станица. Се очекува Незири да биде изведен пред судија на претходна постапка за случајот.