Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ни трага, ни глас од извештајот за непотребни операции на срце

/

пред 130 дена

Сподели преку :

И по речиси половина месец, извештајот на странската комисија за можни неоправдани операции и интервенции на срце сè уште не е доставен до надлежните институции. Иако министерот за здравство најави дека наодите ќе бидат испратени до Обвинителството, Фондот за здравствено осигурување и Државната комисија за спречување на корупцијата, сè уште не го добиле документот. Од Министерството за здравство велат дека во моментов се комплетира целокупната медицинска документација, вклучително и деталните извештаи за секој пациент поединечно.

„Во моментов се докомплетира цела документација, вклучително и деталните извештаи, за секој пациент поединечно кои беа разгледувани на Комисијата. Ова значи дека на генералниот извештај ќе се дополнат сите поединечни извештаи за секој пациент. По ова ќе се постапи согласно институционалните процедури, со оглед на тоа дека во извештаите се содржат чувствителни информации со лични медицински податоци“, информираат од министерството за здравство. 

Странската комисија утврди дека од 13 анализирани случаи, кај девет пациенти биле извршени непотребни кардиолошки или кардиохируршки интервенции, додека кај четири постоела оправданост за зафатите. Министерот за здравство засега не открива дали станува збор за лекарски пропусти или за интервенции мотивирани од финансиска корист.

Пациентите кои се на возраст од 45 до 78 години, се живи и ќе имаат право на увид во извештајот. Документот, сепак, нема јавно да биде објавен бидејќи може да стане дел од идна судска постапка.

Странската комисија беше формирана во февруари, а случаите ги анализираа кардиохирург од Италија, како и кардиоваскуларен хирург и интервентен кардиолог од Словенија.

Случајот за можни непотребни операции, наводно извршувани заради профит, прв го отвори кардиологот Сашко Кедев, по што во јавноста се појавија сериозни сомнежи за евентуални непотребни интервенции врз пациенти.

Симона Петровска

https://www.youtube.com/watch?v=Dt3q7GWrtQQ