Кандидатката за претседателска номинација, Ники Хејли се повлече од трката за влез во Белата куќа, по серијата порази на предизборите ширум земјата, оставајќи го нејзиниот ривал Доналд Трамп како единствен адут на републикансите за ноемвриските избори.
Поранешната гувернерка на американската сојузна држава Јужна Каролина, но и поранешна амбасадорка на САД во Обединетите Нации, беше најистакната противничка на Трамп за републиканска номинација за претседателските избори во САД.
Нејзиното излегување од трката ќе му овозможи целосен фокус на Трамп за изборниот реванш со Бајден. Поразот на Хејли во трката за номинација претставува удар за оние гласачи и финансиери на републиканците кои остро се противеа на Трамп и неговите политички идеи.
Хејли беше особено популарна меѓу умерените и високообразоовани гласачи за кои се смета дека ќе имаат клучна улога на изборите во ноември. Нејзините симпатизери велат дека Хејли ги надминала сите очекувања, со самото тоа што воопшто стигнала до директна борба со Трамп. Сега постои дилема дали Трамп ќе успее да ја обедини поделената партија.
Со одлуката за повлекување од претседателската трка, Хејли јасно стави до знаење дека не сака да биде потпретседателока на Трамп, ниту да се кандидира на листа на некоја трета партија.











