Никола Кимовски е назначен за в.д. директор на Македонски народен театар (МНТ). Решението за негово именување е потпишано денеска од министерот за култура, Зоран Љутков.
Кимовски доаѓа на местото на Симона Угриновска која, како што информираат од МНТ, поднесе оставка. Таа директоруваше со институцијата од 2018 година.











