Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Николоски: Невозможно е да конкурираат две компании, а вие да исфрлите една, бидејќи немала пополнети документи

/

пред 685 дена

Сподели преку :

„Во однос на ревизорскиот извештај за Бехтел и Енка. Јас тој извештај го добив трет ден кога станав министер. Имаше дел од договорот кој беше отворен за јавност и дел кој беше класифициран. Дента излегов на прес-конференција. И можам да кажам дека дел од она што сум информиран е дека надлежните органи веќе се на терен, и веќе влегоа во наоди за кои јас тогаш изразив сомнеж. Во однос со договорот Бехтел и Енка, јас побарав од компанијата да се декласифицира договорот, затоа што согласно договорт мора двете страни да се согласат. Тие не се согласија, а јас се уште мислам дека е грешка. И на секоја средба им го кажувам истото. Од причина што кога работите јавни работи треба да дадете отчет. Нема ништо тајно, сето тоа што го кажав во опозиција го има во договор“ вели вицепремиерот Николоски.

„Во однос на суштината на проектот јас и денес стојам до тоа дека надзорот на проектот што е клуч за секој проект надзорот е судијата. Јас и денес стојат дека изборот за надзор е апсолутен криминал и оттука сакам да го замолам јавното обвинителство да забрза во постапката на овој предмет што го отвори кога ВМРО-ДПМНЕ беше во опозиција. Невозможно е да конкурираат уште две компании една од нив е американската Хил, и вие Хил да го исфрлите затоа што немал пополнети документи. Значи најголемата американса компанија, а втората е најголемата француска компанија за надзор Ежис, која има 6 милиони евра поевтина понуда, и да ја отфрлите затоа што заборавила да стави печат на една од страните кога ја поднесувале понудата. Понудата која е прифатена е 24 милиони евра, а Ежис нуделе 18 милиони евра, а Хил не стигнале да понудат“ изјави во Топ Тема Николоски.

„Суштина тоа што ние имаме неквалитетен надзор, проектот може да стане проблематичен, затоа го мола обвинителството да го заврши случајот за да имаме чиста ситуација“ потенцираше Николоски.