Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Николовски: Минибусот во кој беа фатени половина милион евра на ГП Табановце, тргнал од Германија, требал да заврши во Албанија

/

пред 131 дена

Сподели преку :

Минибусот, во кој беа фатени половина милион евра на граничниот премин „Табановце“, тргнал од Германија со седум албански државјани, требал да заврши во Албанија, а каде требало да завршат парите, ќе треба да дознаат други институвии, истакна Бобан Николовски, директор на Македонската Царина, во вечерашното интервју во „Топ тема“ на ТВ Телма.

„Тимот е составен од многу искусни луѓе коишто собирале информации што се случива во регионот. Доаѓа такво возило, го селектираат, се прави детална контрола, сомнително им е уште повеќе, викаат дополнително куче од К-9 единицата, кучето на прва доаѓа и маркира дека има нешто сериозно, повикуваат скенер, скенерот покажува поголема густина во самата плоча. Нашите оперативни, користејќи физичка сила, го отвораат до крај, излегува конец, кој кога ќе го повлечете, што повеќе влечете, толку повеќе купчиња, снопчиња пари излегуваат“, сподели Николовски.

Тој додаде дека случајот претставува рекордна заплена на кеш од формирањето на царинската управа на Македонија.

С.Д.