Екс директорот на Клиниката за Онкологија, Нино Васев, денеска сведочи пред собраниската анкетна комисија за Онкологија.
Пратениците членови на комисијата, во досегашниот тек му поставија прашања околу извештајот на Државниот завод за ревизија и нотираните забелешки, како и за набавките на лекови на реверс, веледрогеријата Пановски и отсуството на стручен Колегиум.
Васев одговори дека набавувал на реверес бидејќи не смеел да остане без терапија за пациентите, праќал дописи до минситерството и Фондот за состојбата со лекови и немал информација дека се давал физиолошки раствор на пациент или пак дека се препродацвала терапијата на пациентите освен двата случаи на кражба на лекови кои беа откриени.











