Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Нискиот морал причина за дезертирањето во руската армија, покажува извештај на британското Министерство за одбрана

/

пред 1159 дена

Сподели преку :

Руските судови носат пресуди против се поголем број војници поради дезертерство, што покажува дека моралот меѓу војниците е низок, според најновиот извештај на британското Министерство за одбрана.

Одбивањето да се борат веројатно го одразува недостигот на обука, мотивација и високи стресни ситуации со кои се соочуваат руските сили на целата линија на фронтот во Украина, објави Министерството на платформата „Икс“, поранешен Твитер.

Анализата се однесува на извештајот на независната руска веб-страница Медиазона од 18 јули во која се вели дека речиси 100 војници се осудени затоа што одбиваат да ги почитуваат наредбите секоја недела.

Високата стапка на пресуди го покажува ниското ниво на морал во руската армија и безволноста на некои војници, се наведува во извештајот на Министерството.