Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Нормализиран сообраќајот на патот Охрид – Св. Наум

/

пред 309 дена

Сподели преку :

Од 10:50 часот е нормализиран сообраќајот на патниот правец Р1301 Охрид – Св. Наум, на делницата меѓу селото Трпејца и Св. Наум, информираат од Ј.П. „Македонијапат“.

Утрово, од 06:30 часот, сообраќајот се одвиваше по една коловозна лента поради одрон, претходно соопшти Автомото сојузот на Македонија (АМСМ). Делницата беше со отежнат режим на возење, а АМСМ апелираше до возачите да бидат исклучително внимателни.

Сега, сообраќајот се одвива непречено, откако одронот е расчистен и нема ограничувања за движење на возилата.