Продолжуваат протестите во Кочани, за денеска најавен нов марш – родителите бараат поддршка.
Здружението на граѓани „16-ти март 2025“ од Кочани го најави одржувањето на 17-от „Марш на ангелите“, кој ќе се одржи вечерва, со почеток во 18 часот и 5 минути.
Маршот ќе почне од Градскиот парк во Кочани, а движењето ќе продолжи кон трговскиот центар, седиштето на општината, локалната канцеларија на Министерството за внатрешни работи, се до Основниот суд и Кочанското обвинителство.
Организаторите посочуваат дека настанот претставува реакција на, како што велат, задоцнетата институционална реакција која доведе до оваа несогледлива трагедија.











