Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Нов месец, стара болка- Дијабетичарите сеуште молат за терапија и натаму разочарани излегуваат од инсулинските аптеки

/

пред 1067 дена

Сподели преку :

Секој месец со нова надеж да ми кажат терапија има. Битката на Перо Шуриновски трае со месеци кој не може да добие ниту инсулински игли ниту ленти за мерење шеќер.

„Шеќерот не може да го мериме не знам колку да примам шеќер. Дали да ја примам дозата или помалце или пак повеќе“, вели Перо Шуриновски дијабетичар.

Лентите се пристигнати но се заглавени во процедурите се правда министерот за здравство Фатмир Меџити.

„Нели имаше пропуст, не ставање во кутија. Ние ја побаравме компанијата побаравме од нив логично да ги стават во тоа да има упатство “, вели Фатмир Меџити министер за здравство.

Девет месеци битка со надлежните,пациентите со дијабет мака мачат да добијат ленти и лекови за третирање на болеста. Велат, ветувања има но во пракса се потешко се стигнува до потребната терапија. Во земјава над 116 илјади лица имаат дијабет од нив 45.000 се на инсулинска терапија. Без контрола и терапија се загрозува здравјето на дијабетичарите, а неконтролираниот дијабет доведува до откажување на бубрезите, срцев и мозочен удар.

Симона Петровска