Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Нов налог за апсење на јужнокорејскиот претседател Јун Сук-јол

/

пред 650 дена

Сподели преку :

Судот во Сеул синоќа повторно издаде налог за апсење на претседателот на Јужна Кореја, Јун Сук-јол, кој е обвинет за бунт и беше изгласано негово отповикување. Демонстрантите и поддржувачите на Јун и денеска се пред претседателската палата.

Претседателската безбедносна служба минатата недела постави бодликава жица и барикади пред претседателската палата, блокирајќи го пристапот до Јун, кој одбива да се појави на распит.

Јун е под истрага за бунт поради неговото прогласување воена состојба на 3 декември, што ја шокираше Јужна Кореја и доведе до првиот налог за апсење на актуелен претседател. Против Јун се води уште еден судски процес пред Уставниот суд откако на 14 декември му беше изгласан отповик поради прогласувањето воена состојба.

Директорот на Канцеларијата за истраги за корупција на високо ниво О Донг-вон синоќа се извини за неуспешнит обид за апсење на Јун на 3 јануари. Тој ја прекинa акцијата за апсење на Јун откако човечки синџир од стотици членови на претседателското обезбедување и припадници на армијата спречија да влезе во претседателската палата.

„Се што е можно ќе направиме за да ја постигнеме нашата цел и овојпат ќе се подготвиме темелно и со голема решителност, така што вториот обид за извршување на наредбата да биде последен“, наведе Донг-вон пред парламентарната комисија.

Но, не е познато колку време ќе биде потребно да се изврши новиот налог за апсење на Јун.