Граѓаните во петок повторно да се воздржат од пазарење во маркетите се вели во повикот кон нив кој се шири на социјалните медиуми. Ќе се одржува под мотото „Црн петок за маркетите“ и со ова се настојува да се прати порака до трговците поради зголемувањето на цените на храната.
Првиот бојкот што се одржа минатиот петок беше прогласен за успешен откако УЈП објави дека прометот на маркетите е преполовен. Причината за континуираните повици за бојкот е висината на цените кои постојано одат нагоре и со тоа директно се еродира животниот стандард на граѓаните.
Владата се обиде преку потрошувачки кошници да го ублажи, но нивните напори не помогнаа многу откако беше забележано дека цените на другите производи нелогично се покачија при што инспектори од пазарната инспекција се пуштија во контроли на најголемите трговски ланци.











