Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Нов протест на пациентите со цистична фиброза пред Министерството за финансии

/

пред 1266 дена

Сподели преку :

Пациентите со цистична фиброза за денеска најавија нов протест на пладне кој ќе се одржи пред Министерството за финансии, бидејќи, како што велат, немаат одговор од надлежните институции, до каде е работата со набавката на „трикафта“ за сите на коишто им е неопходна и со законските измени за побрза набавка на лекот.

Претседателот на Асоцијација за цистична фиброза, Фики Гаспар појасни дека протестот ќе биде пред Министерството за финансии, затоа што сметаат оти доколку се обезбеди буџетот, работите ќе бидат многу побрзи..

Неофицијално, како што додаде Гаспар, на Влада поминал предлогот, уште 18 пациенти да го добијат лекот. Во моментов, „трикафта“ примаат 12 лица.