Можност за отповикување од функцијата градоначалник и воведување комунална полиција се новините што треба да бидат содржани во новиот закон за локална самоуправа, што ги најави министерот Златко Перински.
Актуелниот Закон, кој е стар над 20 години, нема можност за отповикување од функцијата градоначалник поради што избраните градоначалници остануваат на функцијата до крајот на мандатот. Според Перински, треба да се интервенира во Законот преку широк консензус и да се слушнат и интернационални експерти.
Со новиот закон за локална самоуправа којшто треба да биде прилагоден со модерните услови на живеење, се најавува и воведување на комунална полиција со цел во иднина да се превенираат девијантните појави со уништување на урбаната опрема.











