Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Нова циклонска активност со врнежи претежно од снег – Временска прогноза за 23.12.2024

/

пред 653 дена

Сподели преку :

Новата работна недела со нова циклонска активност и студена воздушна маса од север. Времето
утре ќе биде облачно и студено со врнежи од дожд и снег во пониските места, а на планините
и повисоките места од снег. Врнежите ќе бидат пообилни во западните и крајните источни
делови (над 25 л/м²) каде на планините ќе се зголеми постојната снежната покривка, а помала снежна покривка ќе се формира и во некои од пониските места. Ќе дува умерен до засилен јужен, а во текот на ноќта засилен северен ветер (над 60км/ч).

Во Скопје, облачно и студено со врнежи од дожд, а во повисоките делови од котлината врнежите ќе преминат во снег, особено попладне. Ќе дува умерен југоисточен, а во текот на ноќта повремено засилен северен ветер.

Минималната температура ќе се движи во интервал од -4 до 1°C, а максималната од 1 до 6°C.

Информација од утрово:

Минимална температура (во °C)

-8 Попова Шапка, -7 Маврови Анови, -6 Крушево, -5 Битола, -4 Крива Паланка, Охрид, Прилеп, Претор, -3 Велес, Берово, -2 Скопје-Зајчев Рид, Кавадарци, Струмица, Виница, Тетово, -1 Штип, Демир Капија, 3 Гевгелија.

Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 8 часот (во л/м²)

11 Демир Капија, 9 Кавадарци, 7 Струмица, 5 Берово, 4 Прилеп, 2 Велес, Битола, Виница, 1 Гевгелија, Маврови Анови, Пожаране.

Висина на снежна покривка во 7 часот (во см)

32 Попова Шапка, 29 Маврови Анови, 5 Ѓуриште.

Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!

e-mail: [email protected]

https://www.instagram.com/telmameteo/