Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Нова истрага за „АСД Метал груп“ за нов пожар на нивен плац во Визбегово – вчера гореа и акумулатори, батерии, гориво и масло од хаварисаните возила

/

пред 153 дена

Сподели преку :

Пожарот на отпадот во Визбегово е изгаснат целосно по 24-часовна пожарникарска битка со големиот оган. Еден пожарникар се пожалил на премор, но нема посериозни повредени.

Првично беше пријавено дека пожарот избувнал од машина за сечење на железо и лимови, но сопствениците на отпадот вчера изјавија дека машината воопшто не била вклучена. Постојат сомнежи дека пожарот тлеел подолг период по што вчера одеднаш избувнал и се проширил на голема површина.

-Целосно е изгаснат пожарот. Последните екипи оставени за догасување се повлекоа во базата. Се работеше во текот на целата ноќ. Претходно, пожарот беше ставен под контрола, потоа се работеше на догасување и расчистување бидејќи имаше „врели точки“ кои беа детално проверени и изгаснати. Станува збор за отпадни материјали. Во тој хаос и при такви високи температури беше невозможно да се види што точно е опожарено, изјави Звонко Томески, командант на скопската противпожарна бригада.

Густиот чад одеше и кон Скопје и населбите меѓу отпадот и главниот град.  Во пожарот гореа стари автомобили, но изгореле и акумулатори, батерии, гориво и масло од хаварисаните возила кои биле одлагани во огромен висок куп на отпадот. Отпадот е во сопственост на „АСД Метал груп“, истата фирма која заедно со уште тројца нејзини сопственици и управители е обвинета за ланскиот пожар на друга блиска локација кај Визбегово. Обвинителството отвори истрага.

-Oформен е предмет и се издаваат наредби за испитување на причините. Од безбедносни причини се уште не е извршен увид на лице место, но во веднаш штом се создадат услови на терен ќе излезат и вешти лица и инспектори за животна средина. Парцелата на која е настанат пожарот е на истото правно лице за кое е поднесено обвинение за кое се очекува почеток на судска постапка, одговорија од Јавното обвинителство.

Истрагата треба да ги открие причината за пожарот и какви последици предизвика за жителите на главниот град.

Миомир Серафиновиќ