Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Нова независна членка во надзорниот одбор на ЕСМ – професорка од Крива Паланка на местото на Фросина Крстевска

/

пред 1340 дена

Сподели преку :

Промени во надзорниот одбор во државните електрани. Отповикана е Фросина Крстевска, досегашна независна членка во телото, а на нејзино место е назначена Катерина Митовска-Наковска, покажува соопштението што компанијата го проследи до Македонската берза.

Крстевска, според информации од ЕСМ, била отповикана со одлука на Влада.

„Согласно обврската за известување која произлегува од Законот за хартии од вредност и Службен весник, ве известуваме дека со Одлука за отповикување и избор на член на Надзорниот одбор на АД за производство на електрична енергија, Електрани на Северна Македонија во државна сопственост, од 24 јануари 2023 година, донесена од Владата на РСМ, во својство на Собрание на АД ЕСМ, извршена е промена во составот на Надзорниот одбор на друштвото, така што од должноста независен член отповикана е Фросина Крстевска, а за независен член на Надзорниот Одбор на друштвото избрана е Катерина Митовска-Наковска“, се вели во соопштението од државните електрани.

Катерина Митовска-Наковска, како што објави Фактор, е професорка по македонски јазик и литература во гимназијата во Крива Паланка во која, во минатото, била и помошник директор. Во периодот од 2017 до 2021 година била и советничка во Општина Крива Паланка

Митовска-Наковска во периодот од 2017 до 2021 година била и советничка во Општина Крива Паланка од редовите на СДСМ.