Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Нова посета на Кошта со стара порака – уставните измени мора да се испорачаат

/

пред 123 дена

Сподели преку :

Нова посета со стара порака. Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, 12 месеци понеговата претходна посета на Македонија, го повтори тоа што и лани и го порача на земјава – без уставни измени нема продолжување на пристапниот процес. Новина во неговото обраќање беше што тој зборувајќи за граѓаните на земјава ги нарече „Македонци“.

Кошта за тоа дали е прифатливо барањето на Македонија да и се дадат гаранции во форма на заклучоци од Европскиот совет дека нема да има нови билатерални прашања во процесот на пристапување, избегна директно да одговори повторувајќи ја пораката од лани дека – тоа што е договорено е договорено и мора да се испорача.

„Дали Европскиот совет може да донесе заклучоци во коишто ќе каже дека Северна Македонија испорачала и она што Северна Македонија се согласила да испорача во 2022 година и тогаш може формално да ги отвориме преговорите – посакувам што е можно порано Европскиот совет да има услови да донесе вакви заклучоци. Но за ова зависи од Северна Македонија да го направи тоа што го договорила во 2022 година“, рече Koшта.

Тој меѓу другото порача и дека единствениот пат да се постигне напредок кон европската интеграција е преку конструктивен дијалог со соседите.

Премиерот Мицкоски пак по средбата со Кошта изјави дека земјава останува цврсто определана кон европскиот пат, но оти за тоа е потребна поголема извесност, поголемо лидерство, јасност и доверба од страна на ЕУ.

„Не бараме привилегии, не бараме олеснети правила, не бараме нешто што не им припаѓа и на другите, бараме принципи и нормално, кредибилен и предвидлив процес. Бараме процес во кој реформите, трудот, заслугите и исполнетите обврски ќе бидат вистински вреднувани“, рече Мицкоски.

За тоа дали дали е фер предлогот на германскиот канцелар, Фридрих Мерц, за да се придвижи проширувањето на Украина да и се даде асоцијативно членство, а на земјите од Западниот Балкан статус на привилегирани набљудувачи, за што ќе се разговара на самиот ЕУ – Западен Балкан за три дена во Црна Гора, Кошта со став дека, според него, таков предлог е даден бидејќи процесот на пристапување на земјите од Западниот Балкан е полесен од тој на Украина и оти за нив не мора да се создаваат нови решенија.

„Тие се во многу понапредна и позавидна позиција од Украина и сметам дека никој не чуствува потреба да создава нови решенија за земјите од Западен Балкан затоа што не мора да премостуваме јаз помеѓу процесот на преговори и целосното полноправно членство во ЕУ“, рече Кошта.

Кошта во неколкучасовната посета на земјава, ја за континуираниот напор и постигнатиот опиплив напредок во спроведувањето на реформската агенда и порача дека ЕУ е најсигурниот партнер на Македонија кој останува посветен и во иднина да ја поддржува земјата и политички и финансиски.

Тамара Грнчароска