Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Новата цена на парното наместо сега, можно е да се знае пред 15 октомври, барањата на компаниите се комплицирани

/

пред 1176 дена

Сподели преку :

Исклучителни тешки и комплицирани барања овој пат добила регулорната комисија за енергетика од компаниите за топлинска енергија. На првиот човек на РКЕ, Бислимовски и неговиот тим им е потребно повеќе време за добро да ги разгледаат документите. Поради тоа, можно е наместо до крајот на јули како што се прави вообичаено, новата цена за парното да се донесе пред почетокот на грејна сезона, односно пред 15 окомври. Дали и за колку би поскапело греењето, Бислимовски тврди дека е рано да се каже. Но, овој пат ќе се носи една цена за сите порошувачи.

  • Не сакаме да донесем одлука која би предвизкала ценовен шок. Компаниите треба да разбееат дека РКе ќе носи одлуки кои што ќе бидат во интерес и на фирмите и на граѓаните. Поторшувачите можат да платат до одредено ниво. Ако цената би се зголемила драматично ќе се повтори 2009 година, ќе има исклучување и тогаш знаеме што се случи голем  број трафостаници  се запалија затоа што се проектирани да се греат луѓето на парно, а не на струја, а во вакви кризни времиња не ни треба ваков луксуз- Марко Бислимовски- претседател на РКЕ.

Бислимовски објаснува дека  најголем дел од  причините за промената на цената се поради тоа што планираните количини топлинска енергија од ТЕ-ТО не биле испорачани, па морале да се надокнадат од топланите чија цена е повисока, долгот кон ЕСМ кој пак треба да го врати на Владата, но и поради  варијациите на цената на гасот.

  • Нивната цена е повисока од онаа на Тето. Таму имаме еден гап од 6- 7 милиони евра, дополнително позајмицата што ја даде државата во јануари треба да се врати кај ЕСМ, а ЕСМ да ја врати на Владата i и тоа се дополнителни 6 милиони евра, и тоа вкупно околу 12 милиони евра. Се уште цената на гасот оди доле, горе. Тешки се барањата, се што ние е на располагање ќе се искористи- Марко Бислимовски- претседале на РКЕ.

Но, за да имаат граѓаните пристојни сметки, Бислимовски смета дека за буџетот нема да биде проблем да се издвојуваат од 3 до 4 милиони евра годишно за субвенции.

Барања до РКЕ имаат доставено сите компании, ЕСМ дистирбуција и снабдување бараат зголемување над 50 отсто, додека пак ЕСМ производство намалување од 29 проценти.

Градско парно користат над 60 илјади домажинства. Најмалку приклучени има на топланата Скопје Север.

Ирена Чачкова