Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Нови 139 случаи со КОВИД-19, од нив 25 се реинфекции

/

пред 1613 дена

Сподели преку :

Во последните 24 часа регистрирани се 139 нови случаи на КОВИД-19 од 1424 направени тестови и не се пријавени починати лица. Од вкупниот број нови позитивни, 25 се реинфекции.

Од новозаразените, во Скопје се 58, Битола – 34, Прилеп – шест, Струмица – пет, Куманово, Кавадарци, Велес, Охрид и Кичево – по четири, Тетово – три, Гостивар, Кочани и Демир Хисар по два нови случаја и по еден новозаразен во Штип, Гевгелија, Ресен, Радовиш, Дебар, Виница и Дојран.

Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој термин дополнително е регистрирано едно починато лице од Скопје (73г), кој починал на 1 мај 2022  во домашни услови.