Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Нови членови на избирачкиот одбор и засилено полициско присуство на гласањето во Ларце

/

пред 879 дена

Сподели преку :

Со нови членови на избирачкиот одбор и засилено полициско присуство денес се спроведува повторното гласање за парламентарните избори на избирачкото место 2101 во село Ларце, според одлуката на Државната изборна комисија за прегласување поради утврдени нерегуралности на 8 мај.

Гласачкото место кое се наоѓа во селското основно училиште, било отворено навреме во 7 часот, а изборниот процес тече без проблеми, велат од избирачкиот одбор.

Во шестата изборна единица се врши прегласување на само на едно избирачко место, во општина Желино.

Гласачите, кои денес по вторпат гласаа на изборите за пратеници, велат дека очекуваат прегласувањето да помине мирно.

Во текот на вчерашниот ден, пак, во домашни услови гласале 4 лица кои биле запишани како болни или немоќни од избирачкото место 2101.

Данијела Билбилоска