Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Нови пониски цени на бензините

/

пред 755 дена

Сподели преку :

Од ноќесна на полноќ малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 0,50 ден/лит, додека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 1,00 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,989 ден/кг и сега ќе изнесува 41,328 ден/кг.

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,75 % во однос на одлуката од 11.9.2024 година.

Од 17.9.2024 година од 00:01 часот максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин        ЕУРОСУПЕР БС – 95                 73,50 (денари/литар)

Моторен бензин        ЕУРОСУПЕР БС – 98                 75,50 (денари/литар)

Дизел гориво            ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)           67,00 (денари/литар)

Масло за горење      Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)             66,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС                                                                  41,328 (денари/килограм)