Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Нови италијански филмови и серии на ТВ Телма, потпишан договор помеѓу ТВ Телма и РАИ

/

пред 718 дена

Сподели преку :

Телевизија Телма и италијанската национална телевезија РАИ и годинава го  обновија договорот за соработкакој ќе им донесе  на македонските гледачи нови и интересни филмски содржини во продукција на РАИ.

Меѓу нив се сериите „Винченцо Малинконико“, „Мина Сетембре“ и „Живеј и остави да живеат“, како и документарните филмови кои ги раскажуваат фасцинантните животни приказни на светската ѕвезда на Формула 1 Енцо Ферари, скијачкиот шампион Алберто Томба и виртузниот пијанист и композитор Еѕио Босо.

Иницијативата следи по успехот на италијанските вечери на „Телма“ на кои се емитуваа сериите „Срца“, „Бегалка“, „Венчај се со мене“ и „До последното отчукување на срцето“. Договорот е е реализиран благодарение на соработката со италијанската амбасада во Скопје насочена кон промовирање на италијанскиот јазик и култура во земјата.