Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Нови караници за старо-нови инвестиции

/

пред 787 дена

Сподели преку :

Нова караница за старо-нова инвестиција. Чија заслуга е инвестицијата вредна 65 милиони евра на германската „БМЗ груп„ која се занимава со изградба на литум јонски батерии?

Откако премиерот вчера ја најави инвестицијата како „ плод на двомесечна напорна работа, во која биле отстранети сите недостатоци, што биле акумулирани со месеци наназад„, од СДСМ веднаш реагираа дека се работи за нивни проект.

Екс вицепремиерот за економски прашања на фејсбук сподели фотографија, направена пред точно една година во Франкфурт, кога е потпишан договорот со „БМЗ„, со кус коментар „Можевте да викнете на дружба„.

По ова, доби зајадливо „благодарам„ од премиерот.

И двајцата беа искарани од поранешниот директор на ТИРЗ, кој испрати соопштение до медиумите во кое побара никој да не си ги присвојува проектите.

Поранешната и актуелната влада се препукуваа и за инвестицијата на компанијата „EPSOTECH, новата инвестиција на компанијата „Вабтек“ и најавената инвестиција на „Алказар енерџи.

Далиборка Демјанскa