Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Нови правила за советниците во Град Скопје: Со формулар за влез кај Славевски, барака 1 со синџир со катанец

/

пред 1418 дена

Сподели преку :

Нови правила за советниците во Град Скопје. Ќе треба да пополнат формулар, доколку сакаат да одат кај претседателот на Советот, Трајко Славевски. Дури и самиот Славевски треба да се најави за да влезе од главниот влез во објектот, бидејќи на бараката број 1, во која се просториите на претседателот на Советот, но и просторот кој советниците го користат како сала за состаноци, поставен е синџир со катанец, а клуч од таа врата имале само возачот и техничката секретарка.

Славевски за Телма вели дека за него ова не е проблем, но во случајот гледа уште еден обид за понижување на функцијата претседател на Советот. Веќе подолг период случувањата во Град Скопје се излезени од контрола. По јавните препукувања меѓу актуелната градоначалничка Данела Арсовска и најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, редовните седници на Град Скопје минуваат во тензична и напната атмосфера, проследени со навреди и обвинувања.