Денеска во Нови Сад се одржува седница на Градското собрание за избор на нов градоначалник, која е под силно полицијско обезбедување.
Полицијата започна да го обезбедува објектот уште рано утринава.
Во текот на вчерашниот ден, беа поставени и дополнителни огради околу зградата на Собранието, кои во текот на изминатата ноќ лица со качулки се обиделе да ги отстранат.
Полицијата е целосно опремена и подготвена за можни инциденти, а во зградата на Собранието се видени и минибуси со полицајци.
Сето ова се случува пред очекуваниот протест што го организира здружената новосадска опозиција.
Протестот е закажан за 9:30 часот, а неговата цел е да се изрази незадоволство од обидот на владејачката партија да избере нов градоначалник, од своите редови.
Жарко Миќин, кандидатот за градоначалник, е советник во Градското собрание од листата на Александар Вучиќ и е еден од најблиските соработници на градоначалникот Милош Вучевиќ.
Опозицијата тврди дека изборот на Миќин е неприфатлив, бидејќи нема доволно поддршка од граѓаните на Нови Сад.











