Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Новинар во група на Сигнал во која се планирал напад врз Хутите – администрацијата на Трамп среде скандал

/

пред 573 дена

Сподели преку :

Катастрофален пропуст на американската администрација која е на удар на демократите и јавноста. Новинарот на „Атлантик“, Џефри Голдберг бил случајно вклучен во група на платформата Сигнал“ во која се разменувале пораки за воени планови против Хутите во Јемен, но и за други актуелни теми. Во неа, меѓу другите, биле и министерот за одбрана, Пит Хегсет, државниот секретар Марко Рубио, министерот за финансии Скот Бесент, директорката на Националната разузнувачка служба, Тулси Габард, директорот на ЦИА, Џон Ретклиф, потпретседателот Џеј ди Венс. Голдберг во групата бил вклучен од советникот за национална безбедност, Мајк Волц, па чувствителните информации почнаа да протекуваат.

Републиканците веднаш негираа дека се планирале напади врз бунтовничката група во Јемен. Трамп, пак, рече дека „не знае ништо за тоа“ и оти „не бил голем обожавател на Атлантик“. Хегсет ја нарече веста лажна и ги обвини медиумите за негово споделување на воени планови од некласифициран разговор на Сигнал.

Голдберг го тврди спротивното. Додека бил во групата, клучните луѓе на Трамп, според него, го договарале нападот врз Хутите на 15 март, за кој вели дека два часа пред светот да дознае го знаел и тајминот и типот на оружјето што ќе се користи и целите. Но технички детали не објави, бидејќи со тоа, како што рече, ќе искомпромитирал одредени луѓе во американската војска.

Сашко Димовски