Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

По коментарите од амбасадата на САД за збунувачки процес на неговиот избор, обвинителот Абази на гости го повика албанскиот амбасадор Фатос Река

/

пред 1413 дена

Сподели преку :

Шефот на Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Ислам Абази денеска се сретнал со албанскиот амбасадор во земјава, Фатос Река, соопштија од ОЈО ГОКК. Река му честитал на Абази за изборот и разговарале за продлабочување на соработката во областа на борба против тероризмот, корупцијата, економскиот и компјутерскиот криминал, како и меѓународниот организиран криминал.

Амбасадорот Река исто така изразил задоволство за досегашната соработка помеѓу органите на прогонот и се заблагодари за несебичната размена на доказите што беа од исклучително значење за албанското обвинителство во предметот „Икона“.

Абази на амбасадорот му ги презентираше условите за работа и предизвиците со кои се соочува Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и ја истакна потребата за понатамошно унапредување на институционалната соработка меѓу двете земји.