Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Новиот закон за ДДВ ги забави онлајн-пратките

/

пред 242 дена

Сподели преку :

Новиот Закон за ДДВ предизвика застој во обработката на пратките од странство, откако „Пошти“ беа задолжени сите онлајн-нарачки да ги доставува на царински преглед.

Со измените, кои стапија во сила на 18 декември, се укина ослободувањето од ДДВ за пратки со вредност до 22 евра, што доведе до забавување на царинските формалности.

Од „Пошти на Македонија“ информираат дека заедно со Царинската управа работат на решение за забрзување на постапките, со цел пратките да пристигнуваат до корисниците во пократок рок.

Оттаму апелираат на трпение и разбирање додека трае усогласувањето со новите законски обврски.

Од Министерството за финансии очекуваат позитивни економски ефекти од измените, посочувајќи дека со укинувањето на ослободувањето од ДДВ дел од средствата ќе се пренасочат кон домашното стопанство и ќе се намали сивата економија, преку создавање пофер и поконтролирана пазарна средина.